Фројд и Јунг: три главни разлики

Контроверзите кои настанаа околу ликовите на Зигмунд Фројд и Карл Густав Јунг се многубројни и, во многу случаи, прилично жестоки. Стручњаците  се позиционирани за или против, секој со свои нијанси. Кога, наместо одвоено да ги анализираме Фројд и Јунг, ќе ги ставиме на исто ниво,  споредувањето предизвикува многу поголем интерес за дебата.

Разликите помеѓу Фројд и Јунг се поинтересни бидејќи, парадоксално, на почетокот на професионалната пракса нивните теоретски размислувања и пристапи се совпаѓале.

Зигмунд Фројд бил невролог со австриско потекло, кој го основал еден најмоќните и традиционални психолошки правци: психоанализата. Покрај тоа, многумина следбеници и критичари го сметаат за еден од најважните интелектуалци на дваесеттиот век. Бидејќи бил невролог, неговото почетно поле на интерес како и поле за истражување била неврологијата. Тука можеме да го означиме почетокот на неговиот развој кој сѐ повеќе се приклонувал кон психолошките аспекти: како во анализата на причините така и во анализата на последиците кај проучуваните пореметувања.

Од друга страна, Карл Густав Јунг бил психијатар, психолог и есеист, роден во Швајцарија. Тој бил клучната фигура во првите денови на психоанализата. Нешто подоцна тој ја основал својата школа за „аналитичка психологија“, позната и како длабинска психологија.

Јунг се заинтересирал за Фројдовото дело, а Фројд јавно го нарекол свој „наследник“. Меѓутоа, не поминало многу време кога виенскиот и циришкиот мајстор ќе се разделат поради своите теоретски и лични несогласувања. Јунг е исфрлен од тогашното Меѓународно психоаналитичко здружение, со кое тогаш претседавал Фројд (1910).

Разлики помеѓу Фројд и Јунг

Иако постојат многу разлики помеѓу учењата на Фројд и Јунг, во оваа статија ќе споменеме само некои од најрелевантните.

1. Да се биде психоаналитичар

Иако не е невообичаено да се слушне изразот „јунговски психоаналитичар“, за оние кои се обучени со Јунговите теории тоа е номинативна грешка. Јунг не се смета за психоаналитичар. Всушност, тој сам одличил да потполно да се одвои од психоанализата и да основа своја школа.

2. Изразот „комплекс“

Фројд го препознал и му дал авторство над овој израз на Јунг. Фројд секогаш го користел заедно со некој друг збор: „Едипов комплекс“ или „Комплекс на кастрација“, за да ја објасни сексуалната теорија и психичката динамика која се случува во тој контекст.

Напротив, за Јунг поимот комплекс има врска со збир на емоционално набиени концепти или слики кои делуваат како издвоена автономна личност. Поставување на архетипот точно во јадрото на овие комплекси и негово поврзување со поимот траума.

3. Парапсихологија и окултни феномени

Јунг и придавал големо значење на парапсихологијата и автентичноста на тогаш наречените „окултни феномени“. Фројд пак, одбил да ги проучи овие прашања и да ги спои со психоанализата; тврдел дека со тоа ќе се оштети теоријата.

За Фројд, „архаичните остатоци“ се однесувале на одредени несвесни содржини, а тие се поврзани со концептот за мнемотехнички отисоци кој беше дел од неговата теорија.

Извор: https://lamenteemeravigliosa.it/freud-e-jung-differenze/

Превод: Розета Паскали

11,843 Comments on “Фројд и Јунг: три главни разлики”

  1. Don’t be fooled and think this is what you need to add. Don’t do this. This is for when you want to add someone else’s feed to your blog. Keep scrolling down until you see Subscription Links.
    After you hit Add a Gadget and the page opens and as you scroll down, you will see an orange button and Feed next to it.
    카지노사이트

  2. Note: now, that you have installed these buttons, your blog visitors will be able to subscribe to your blog and receive your posts in their feed readers.
    If you don’t see what you are looking for from the instructions above, after right-clicking on Atom, select Open Link in New Tab or Open Link in New Window. Look up top of the page in the horizontal bar and you should see the feed URL.
    바카라사이트