Анастасија – книга 1

Ти напиши се што виде, не прикривај ништо, ниту доброто, ниту лошото, ниту скриеното -тогаш тие ќе се зачуваат. Темните сили секогаш се стремеле на човекот да му ја одземат можноста да ужива во благодадта што зрачи од тие комбинации.Поради тоа, тие и го менувале јазикот, воведувале нови зборови и ги отстранувале старите, извртувајќи ја смислата. Порано, на пример, во вашиот јазикимало 47 букви – сега останале само 33. Темните сили внесувале свои, поинакви комбинации и формули, разбранувајќи го подлото и мрачното, трудејќи се да го вовлечат човекот во телесните копнежи и во страстите. Но, јас ја пренесов првобитноста на поврзувањето и на комбинирањето, користејќи ги само денешните букви и симболи, затоа тие сега ќе бидатделотворни. Многу се трудев во потрагата! И наоѓав! Го собрав најдоброто од различните времиња.Многу собрав. Го скрив во тоа што ти ќе го напишеш. Како што гледаш, тоа е само превод на поврзувањето на знаците од длабочините на вечноста и на бесконечноста на вселената, точен според смислата, значењето и според целта. Кога во човекот ќе се појават светли чувства, тие задолжително вршат благотворно влијание апсолутно врз сите телесни органи. Токму светлите чувства претставуваат најсилно и најефикасно средство за спротивставување на кое било заболување. Бог лекува со помош на таквите чувства, а така постапувале и светите божји слуги. Прочитај го Стариот завет и самиот ќе се увериш. Со помош на тие чувства, можат да се лекуваат и некои луѓе од вашиот свет. Многу ваши лекари знаат за тоа. Прашај ги нив ако не ми веруваш. Очигледно ти е полесно ним да им поверуваш. Колку е посилно, посветло тоа чувство, толку поголемо влијание се врши врз оној кому му е упатено.