Анастасија – книга 5: КОИ СМЕ НИЕ?

„Кога проникливите ќе ја сфатат целта на своето постоење и суштината на бескрајноста, тогаш тие ќе започнат да живеат среќно, преродувајќи се вечно, бидејќи со своите мисли самите ќе си ја создадат својата среќна бескрајност.“

Анастасија

Здивот запира од следнава размисла: „Дали на прагот од новото илјадалетие се запали во Русија, со блескав зрак, големата национална идеја со која ќе започне прекрасното осамнување на руската држава?! Или пак, нешто се случи во светот и започна нова етапа во развојот на целото човештво?“ Оваа книга од серијата „Ѕвонливите кедри на Русија“ ги потврдува прекрасните претчувства во нас.