БУДЕЊЕ – Антони де Мело

Еден човек нашол јајце од орел и го ставил под кокошка. Орлето се извело заедно со пилињата и израснало со нив. Целиот живот орелот правел исто што и кокошките во дворот, мислејќи дека е како нив. Колвал наоколу во потрага по бубачки и црвчиња, кокодакал и мавтал со крилјата, кревајќи се некоја педа во воздухот.

Минале години и орелот остарел. Еден ден здогледал во височините, под ведрото небо, чудесна птица со моќни раширени крилја. Стариот орел зачудено гледал во височините.

„Што е тоа?“ – запрашал.

„Тоа е орел, крал на птиците“ – му одговорила една кокошка. „Тој припаѓа на небото, додека ние, кокошките, припаѓаме на земјата“.

И така орелот умрел меѓу кокошките, не знаејќи кој е. Несвесниот живот не е вреден да биде проживеан. Кога ќе ги отфрлите своите илузии и станете свесни за себе и светот околу вас, ќе ја откриете сета убавина на животот на Земјата.