Веди – Мистериозни записи

Ведите одсекогаш биле енигма за повеќето култури, иако многу извадоци често се појавуваат на првите страни од разни учебници и монографии за филозофија, историја и книжевност со дигнитет на најстари списи на човештвото. Неретко тие површно се презентирани и некомплетно прикажани. Ведите остануваат замаглени, заспани во некои древни, таканаречени примитивни времиња кои, со нашата зовриена техно-цивилизација немаат други референци освен оние компаративните кои, се разбира, зборуваат во прилог на нашата прогресивност.

Секако, постојат и автори кои го отфрлуваат таквиот догматизам со предрасуди, како што е припишувањето на „магично шаманситички“ карактер на Ведите. „Ведите не се духовни изливи од срцето на безработниот примитивен човек во мугрите на историската цивилизација, туку се резултат на високо развиен систем.“ – вели професорот Ембри. Тој го насочува вниманието на дамнешната но многу развиена ариевска цивилизација, која се темелела првенствено на духовни принципи.

Ведското толкување на ариевското се однесува на личноста која поседува знаења како да се ослободи од оковите на материјалната егзистенција и да се втемели во својот вечен духовен идентитет наспроти Севишната Божја Личност.

Религијата и јогата

Зборовите религија и јога имаат исто значење, а тоа е повторно поврзување со Бог (лат.ре-лигаре значи повторно поврзување). Системот на Ведите го пропишува процесот на изворната религија со чија помош можеме да ја достигнеме крајната цел на религијата или јогата, а тоа е развивање на чиста љубов кон Бог и враќање во изворното духовно живеалиште – духовниот свет односно Божјото царство. Тој систем пропишува разни правила и прописи за постепено издигнување на луѓето од подрачјето на сетилно – материјалното кон позицијата на трансценденталното. Бидејќи сите битја во Универзумот се присилени да се борат за егзистенција, Бог ги дал Ведите, советувајќи ги како правилно да живеат и на крајот да се ослободат од материјалната врзаност.

Поделба на Ведите

Зборот „веди“ на санскритски значи знаење. Учењето дадено во Ведите представува првобитно и потполно знаење за духот и материјата, кое не е обично собрано човечко знаење. Тоа доаѓа од духовниот свет од самата Севишна Божја Личност. Ведите се, значи, најстари списи во светот напишани на санскритски, научно докажано најсовршениот јазик, а кои ги сметаме за прирачник за употреба на овој материјален свет со крајна цел враќање на живите суштества кон нивната природа, во духовниот свет. Ведите се нарекуваат сурути бидејќи се учат слушајќи ги од духовниот учител.

Најнапред постоела само една Веда и не било потребно таа да се чита. Луѓето имале толку добро помнење и интелигенција така што им било доволно еднаш да ја слушнат од духовниот учител и веднаш да ја сфатат и разберат смислата на пораката. Бог го предал изворното знаење или Веда на Брахми, првото создадено битје, а тој го пренел по усмен пат на своите ученици. Така Ведското знаење се пренесувало од уста на уста се до пред околу 5000 години кога, поради доаѓањето на Кали – југа, сегашното доба на деградација и материјализам, интелигенцијата, помнењето и животниот век на луѓето се намалени, па големиот мудрец Шрила Вјасадева ги запишал и ги подел за поголема прегледност. Така, Ведската книжевност вклучува:

  1. Sruti (слушање) или објава која настанала зедно со светот. Тоа се звуците на Ведите, природниот закон – Во шрути спаѓаат 4 изворни Веди: Rig,Yajur, Sama и Atharva и нивните филозофски коментари, Упанишади.
  2. Smriti (сеќавање), се однесува на Пурани и Итихаси (пр.Шримад Бхагаватам, коментар на Веданта- сутра). Постојат 18 Пурани кои претставуваат приказни за историјата на Универзумот, кои го објаснуваат учењето на четирите Веди. Тие ги почуваат Ведите низ форма на приказни, за да може обемното знаење на Ведите полесно да се сфати. Поради тоа Пураните се нарекуваат и петти Веди.Тука спаѓа и песната на Махабарата, наречена историјата нa Индија, најголема светска песна (поголема од Илијада и Одисеја заедно) во која се наоѓа и славната Багават – Гита, едно од најпознатите филозофски дела досега.
  3. Nyaya е како Веданта – сутра, филозофски запис кој се темели на поставките на sruti и smriti, во кој Вјасадева ја сумирал суштината на сите Веди за учените луѓе и филозофи. Без smriti и nyaya смислата на Ведите би останала длабоко скриена. Шрила Вјасадева, литерарната инкарнација на Бога, затоа и ја напишал Веданта – сутра, објаснување на Ведите во форма на сутри, кратки, но сеопфатни реченици придружени со Шримад – Багаватам како природен коментар.

Шримад Багаватам

Шримад Багаватам 1. пеење

Багавата Пурана или Шримад Багаватам се истакнува меѓу целата ведска литература и се нарекува Амала Пурана, чиста, неизвалкана Пурана за врховни трансценденталисти. Шримад – Багаватам е обемно дело. Додека Багават – гита има 700 стихови, Багаватам има 18 000. Поделен е во 12 пеења. Работата започнува непосредно по битката на Курукшетра (со која завршува Багават – гита), а потоа се враќа милиони години наназад во времето на создавање на материјалниот Космос, опишувајќи го со таква научна прецизност што ги зачудува и денешните научници. Опишани се величенствените дела на Севишниот Господ, Негоивте проширувња и придружници, објаснувајќи го процесот сѐ до поновата историја  од пред неколку векови, но и ги предвидува настаните кои ќе се случат во нашата иднина. Тоа е навистина величенствено дело кое ја изнесува есенцијата и заклучокот на Ведите и кое го сметаме за зрел плод на сите ведски книжевности.

А.Ц.Бактиведанта Свами Прабупада ни го направи тој коментар достапен така што го преведе на англиски јазик, при тоа дополнувајќи го со свои објаснувања заради полесно и поточно разбирање.

Ведската литература изобилува со различни гранки на знаења во опсег од материјалното до духовното. Во неа се наоѓаат 1130 гранки на знаења.

Значењето на Ведите се протега од филозофско – религиско кон социјалното подрачје (вранашрама поделба на општеството на 4 општествени и духовни редови), административно – морално подрачје (Мануов законик и сл.), кон областите на умствено и телесно здравје (Ајур Веда) итн.

Благодарение на така опширните знаења кои навлегуваат во секоја пора од животот, поединецот во ведското општество бил заштитен од несакани последици при некои неповолни активности. Обраќајќи се на луѓето со различно ниво на свеснот, од речиси атеисти до оние кои слават некој личен вид на Апсолут, Ведите пропишуваат различни активности кои постепено можат да ја издигнат единката кон трансцендентална цел.

Три главни секции на Ведите

Karma kanda – наменета е за оние кои сѐ уште се силно врзани за плодоносните активности т.е. за уживањето во исходот од својата работа. На нив не им се советува да престанат да работат, туку резултатите да ги посветат на Бога. Иако е материјално мотивирана, работата е потребно да се извршува како жртва за Бога, бидејќи така нема да донесе неповолни кармички реакции, постепено го прочистува тој што работи и го издигнува на следното ниво.

Jnana kanda – личноста, згадена и фрустрирана од материјачистичките активности, се обидува со систематско проучување на ведските списи и строго нивно почитување да го најде изворот на самото постоење и задоволство. Ако таквите шпекуланти, со отфрлање на сѐ што е материјално, успешно ја завршат својата потрага, на крајот ќе дојдат до реализација на духевен план, а тоа е само чекор до спознавањето на Багавана, Божествената личност.

Upasana kanda – наменета е за почитување на моќните битја во Универзумот, т.н. полубогови, кои се под контрола на Бога. Вршејќи различни жртвени церемонии, тие настојуваат да ги задоволат и за возврат да добијат одредени материјални благослови. Меѓутоа, во Ведите е опишано дека полубоговите се само Божји работници во материјалниот свет. Билката најдобро се залева ако водата се даде на коренот. Таквите обожаватели само индиректно го обожуваат Вишну односно Кришна, Бога кој е всушност извор на полубоговите како што се Брама и Шива, а со тоа и краен уживател на сите понади.

Значи, Ведите се така совршено втемелени што им овозможуваат на сите слоеви на луѓе да се издигнуваат духовно, па дури и ако немаат такви аспирации. На некои коментатори им им бега од видот таа универзалност на Ведите па така некритички толкуваат одредени делови или пак Ведите во целина како профани и материјалистички. Всушност, секој дел од Ведите има спиритуална цел.

Различни процеси за различни времиња

За секое доба Ведите пропишуваат одреден вид на жртва со која се постигнува најголем ефект. Во дамнешното време на Сатја југа, тоа била медитацијата со помош на мистичниот аштанга процес (денешните хата и раџа јога семинари се само бледа имитација на тој процес).  Во Трета југа првенство е дадено на вршењето на големи обредни жртвувања. Во Двапара југа бил процесот на обожување на Божествата во храмовите, така што денес, во паднатата ера на Кали југа, единствената ефикасна метода на жртвување била санкиртана џајна, заедничко пеење и мантрање на светите имиња на Бога. Калисантарана Упанишади е потврден како најдиректен метод за перцепција на Возвишениот и единствен метод за самоспознавање во ова материјалистичко време. Многу поволна за духовна активност е Харе Кришна маха мантра, во која е содржан празвукот аум и други поволни вибрации. Резимето е и кулминација на сите весдки упатства.

Многу сложената книжевна структура на Ведите може неукиот читател многу лесно да го одвлече во лавиринтот на значењето чија смисла е речиси невозможно да се одгатне без помош на веродостоен представник на ведските знаења. Духовниот учител или гуру е личност која ги спознала заклучоците на Ведите и живее според нив, па така може и да ги подучува другите. На тој начин ведското знаење се пренесува низ вековите, непроменето и непрекинато, од еден духовен учител на друг.

Внимателното читање и проучување на овие списи, со отворено срце и верба, дава резултати    кои не можат да се објаснат со логиката или со сувопарно филозофирање. Читателот на мистичен начин стекнува голема духовна благосостојба, а неговото срце ќе поминува низ процес на преобразба, будејќи ја во себе љубовта кон Бога.

Извор: atma.hr

Превод: Розета Паскали

Tagged