ВРЕМЕ НА КУКАВИЦИ: Опседнатоста со сигурност создава болни умови и болно општество

Ослободувањето на луѓето од „теретот“ кој го носи слободата, за да се чувствуваат сигурно, е често повторувана тема во историјата на авторитаризмот. Општеството кое ја обожува сигурноста истовремено е и општество зрело за тиранија. Нашево доба можеби најдобро може да се опише како време на кукавици – со оглед на стравот, вознемиреноста и немоќта кои повеќето луѓе ги покажуваат кога се соочени дури и со тривијални закани.

Долгиот живот не е секогаш и добар живот! Така наречениот „сигурен“ живот без предизвици и авантури е инертен и доведува до изумирање на телото и умот во целиот тој застој, повторување, досада и стагнација. Таквиот човек не живее туку само постои. Кога општеството ќе ја издигне сигурноста на позиција на вредност од прв ред, слободата најчесто се понижува на позиција на вредност од втор ред која може да ја погазат оние кои се на власт и кои низ историјата ги маскирале тиранските намери со тврдењата дека сакаат да го направат општеството посигурно.

Ние не сме генерација која храбро и херојски тргнува кон несигурната иднина, туку повеќето луѓе се плашат од иднината и ѝ дава предност на сигурноста, удобноста и лесното живеење, пред ризикот, експериментирањето и слободата.

Или како што пишува социологот на 21 век, Франк Фуреди: „Младите се социјализирани за да се чувствуваат несигурно и преплавено со неизвесност, а како резултат на тоа, клучна карактеристика на сегашната западна верзија на личноста е нејзината ранливост. Иако општеството сѐ уште го поддржува идеалот на самоодредудвање и автономија, сепак вредностите поврзани со нив сѐ повеќе се совладуваат со пораката која ја нагласува човековата слабост. И, ако ранливоста е навистина клучна карактеристика на човековата состојба, следува дека стравот е нормална состојба…“

Обземеноста со неизвесност, стравот од иднината, концептулаизацијата на себеси како ранлив, слаб и кршлив не е рецепт за поединечен и општествен напредок.

Напротив, ваквиот начин на живот промовира ментални болести и го отвара патот на авторитарното владеење. Всушност, светот би имал корист ако поголем број на луѓе бидат подготвени да живеат само малку поопасно.

Како што рекол историчарот Тацит: „Желбата за сигурност стои наспроти секој голем и благороден потфат.“

Меѓутоа, не сите општества ја поставуваат сигурноста така високо на скалата на вредности, како што го прави тоа Западот. Многу напредни општества во минатото ја сметале сигурноста за секундарна вредност и покажале извонредна способност да ризикуваат пред неизвесната иднина и да покажат храброст и јунаштво во присутност на опасности.

„Историски гледано, некои од најпросперитетните општества – древна Атена, ренесансната Италија, Британија во 19 век – биле меѓу оние кои најмногу биле ориентирани кон експериментирање и превземање ризици.“

Завземајќи го спротивниот пристап и покажувајќи силна наклонетост кон сигурноста, развојот на човековиот потенцијал не е актуелизиран туку закржлавен. За да има развој на индивидуално ниво и да се напредува како вид, потребно е човекот да го истражува непознатото и да експериментира со нови начини за интеракција со светот, а тоа вклучува превземање ризици и соочување со опасности.

Кога општеството ќе ја издигне сигурноста на позиција на вредност од прв ред, слободата нужно се понижува на позиција на вредност од втор ред, која можат да ја погазат оние кои се на власт и кои низ историјата ги маскирале тиранските намери со тврдењата дека сакаат да го направат општеството посигурно.

Работата станува полаша доколку општеството ги социјализира луѓето да се плашат од иднината и ги преплавува со неизвесност. Масите тоа ќе го поздрават или ќе отворено ќе ги повикаат авторитетите да ги заштитет, или како што вели Фуреди: „Ослободувањето на луѓето од теретот на слободата за да се чувствуваат сигурно, , е повторувана тема во историјата на авторитаризмот.“

Општеството кое ја обожува сигурноста воедно е и општество зрело за тиранија. Имено, кога заканувачките облаци од авторитарната власт го заматуваат хоризонтот, освен ако повеќе луѓе се подготвени да ризикуваат и да се соочат со опасност во служба на вредностите како што се слободата, правдата, мирот и социјалната соработка, стисокот на тираните само ќе се стегне или, како што рече Џон Стјуарт Мил: „Човекот кој нема ништо за кое е подготвен да се бори, нешто што му значи повеќе од неговата сигурност, тој е бедно суштество кое нема шанси да биде слободно, освен ако тоа не биде создадено и задржано со напорите на подобрите луѓе од него самиот.“

Фридрих Ниче е еден од поборниците за овој класичен пристап кон животот и го фалел Перикле, атинскиот водач кој во својот познат погребен говор ги прославил Атињаните со „рамнодушност и презир кон сигурноста, телото и животот.“

Да му се спротивставиш на овој модерен свет каде, парафразираќи го авторот Кристофер Кокер, „…ние имаме тенденција да се лишиме од исполнетоста на својот живот за да ја поддржиме својата маленкост.“

За среќа, не треба да чекаме политичарите да донесат закони со кои се одобрува похрабар пристап кон животот. Едноставно треба да живееме на таков начин. Неизвесната иднина треба да ја гледаме како извор на закани, но и како нова надеж и можност, а превземањето на ризикот мораме да го сметаме за оправдано во одбрана на негуваните вредности или како дел од тежнеењето кон целите кои вредат.“

Деградирајќи ја сигурноста на вистинското место како секундарна вредност, ќе престанеме да живееме како беспомошни пиони кои авторитетите мора да ги мазат од младоста до староста и воедно ќе ја вратиме способноста за обликување на текот на нашите животи.

Тогаш ќе можеме психолошки да созрееме и да станеме подобро опремени за соочување со сето она што го носи иднината, бидејќи како што објаснува Ниче: „Опасноста не запознава со нашите сопствени ресурси: со нашите доблести, со нашиот оклоп и оружје, со силата на нашиот дух, и не тера да бидеме силни. Прв принцип: личноста мора да биде силна – инаку никогаш нема да стане силна.“

Иако некогаш превземањето на ризици и кокетирањето со опасности може да ви го скрати животот, корисно е да се запомни дека долгиот живот не е нужно и добар живот. Сигурниот живот без вистински предизвици и авантури, е инертен и доведува до изумирање на телото и умот во целата таа застоеност, повторување, досада и стагнација – таквиот човек не живее, туку само постои. Или, како што го кажал тоа римскиот стоицист Сенека: „… ако човекот има седа коса и брчки не значи дека долго живеел – можеби само долго постои.“

Освен тоа, помагањето на некого да живее попотполно, да биде похрабар во превземањето на ризиците и да кокетира со опасноста, може да се претвори во голем добротвор на човештвото. Сѐ додека се благородни вредностите кои не водат и целите кон кои тежнееме, храброста поттикнува грижлив став за доброто на другите.

Бидејќи, за разлика од страшливецот кој првенствено се грижи за сопствената сигурност и кој бара од другите да се прилагодат на неговиот или нејзиниот невротичен живот, јунакот е подготвен да го ризикува својот живот и тело во служба на вредностите кои го придвижуваат општеството напред или како што вели моралната теорија: „Ако некој каже дека многу му значи некоја личност, врската со неа, но не е подготвен да превзема ризик во нејзино име, тој ја доведува во прашање вистинитоста на неговата грижа за таа личност. Храброста и способноста да се ризикува имаат своја улога во животот на човекот особено во врските со другите.“

Значи, ако сакаме исполнет живот, да се грижиме за своето ментално здравје и да се грижиме за иднината на нашето општество, мораме да делуваме храбро и да не се поклонуваме пред олтарот на сигурноста.

Aвтор: Розета Паскали