„Депресијата не е ништо друго туку замрзнат страв!“ – 17 совети од Зигмунд Фројд за лечење на анксиозност и остварување на соништата

Познатиот психолог Зигмунд Фројд знаел како да ја разбере човековата психа и да сфати што и е потребно. Неговото дело живее и до ден денес, а овде ви ги пренесуваме неговите 17 совети како да се ослободите од анксиозноста и подобро да се разберете себеси.

  1. Мистеријата на човековите души лежи во психичките драми од детството. Кога ќе стигнеш до нивната суштина, ќе дојде и твоето излекување.
  2. Секоја личност може да се опорави кога правилно ќе ја разбере својата сексуалност.
  3. Единствената личност со која треба да се споредувате е онаа која сте биле во минатото. Единствената личност од која треба да бидете подобри е онаа која сте сега.
  4. Силата и самодовербата не треба да се бараат околу себеси, туку во себе. Тие одсекогаш биле таму, во вас.
  5. Анксиозноста и вознемиреноста се жариште за многу проблеми – кога ќе ја решите загатката на анксиозноста, тогаш ќе ја сфатите целокупната ментална состојба на една личност.
  6. Неврозата е неспособност да ја толерираш неизвесноста.
  7. Во љубовната врска не смеете еден со друг да се штедите, тоа доведува само до оттуѓување. Ако постојат препреки, морте да ги совладате заеднички.
  8. За жал, потиснатите емоции не мируваат. Тие само молчат. И продолжуваат да влијаат на вашиот живот од внатре.
  9. Ништо не е случајно, сѐ има свој корен.
  10. Во суштина, она што го нарекуваме среќа всушност најчесто е резултат на неочекувана сатисфакција на долго одложуваните потреби.
  11. Мажот кој бил миленик на својата мајка, целиот живот го носи со себе чувството на победник и има верба во среќата, а тоа често го доведува до голем успех.
  12. Сонот никогаш не се занимава со ситници; свеста не дозволува она што е неважно да не вознемирува во сонот. Ако се впуштите во толкување, ќе видите дека навидум невините соништа и не се баш беззначајни.
  13. Депресијата не е ништо друго туку замрзнат страв.
  14. Колку само станува храбар и полн со самодоверба оној човек  кој чувствува дека е сакан.
  15. Луѓето на кои не им се допаѓа реалноста, живеат во светот на фантазијата и го замислуваат исполнувањето на нивните желби. Силните личности овие желби ги претвораат во реалност, а слабите личности продолжуваат да живеат во својот свет и нивните фантазии стануваат причина за различни болести кои ќе се развијат.
  16. Да се биде потполно искрен со себеси е најдобрата ментална вежба.
  17. Само вистинското разбирање на соништата од детството може да ви донесе вистинска среќа.

Aвтор: Розета Паскали

Tagged