Децата ги избираат своите родители

Пред раѓање, душта на секој од нас избира слика или дизајн според кој потоа ќе живее на земјата, и го прима сопатникот кој ќе не води, дајмон, кој е единствен и карактеристичен за нашата душа.

Меѓутоа, кога ќе дојдеме на свет, сето тоа го забораваме и веруваме дека сме дошле празни. Дајмонот е она кое не потсетува на содржината на нашата слика, на елементот со одбран дизајн. Значи тој е носителот на нашата судбина.

Според Плотин (205-270 после Христос), најголемиот неоплатонистички филозоф, го избираме телото, родителите, местото и животната состојба кои ни одговараат на нашата душа и кои, како што кажува митот, одговараат на нејзините потреби. Мојата животна состојба, вклучувајќи го моето тело и родителите кои можеби би сакал да ги отфрлам, се дирекно избрани од страна на мојата душа и, ако сега изборот ми се чини несфатлив, тоа е затоа што сум заборавил“.

(цитат од книгата: „Кодот на душата“, Џејмс Хилмен)

Дали некогаш сте помислиле дека сте ги избрале родители пред да дојдете на овој свет? Со оглед на тоа дека на полето на реинкарнацијата постојат различни мислења, постојат многу учители и духовни струи кои овој избор и го припишуваат на личната волја.

Дали се работи за индивидуален избор, под влијание на некои околности и однесувања усвоени во претходните животи или други присуства, не е познато. Но едно е сигурно, барем за оние кои се занимаваат со овие прашања: нашите родители се резултат на нашиот избор.

Мисли на Џејмс  Хилмен

Психоаналитичарот Џејмс Хилмен, тврди дека тоа според кое треба да се разликуваат нашите животи, е печат кој го носиме во себе или слика на она што навистина сме, избрано пред доаѓање на овој свет. Тоа е нашата судбина која е, со оглед на тоа во што веруваме, резултат на свесен избор. Всушност, овој концепт има свои корени во далечното минато, сетете се само на митот од Платоновата „Република“. Дури и неоплатонистичкиот филозоф Плотинус ја изнел теоријата тврдејќи дека сите си го избираме телото, родителите, местото и животната состојба погодна за душата.

Во оваа перспектива нашата инкарнација е плод на судбината која веќе е присутна и овој избор, според Платон, ја вклучува и слободната волја и потребата, кои на крај се совпаѓаат.

Идејата дека душата избира каде и како се инкарнира, се наоѓа во многу источни филозофии и религии, поаѓајќи од хиндуизмот во кој духовниот принцип наречен Шива, е претходница на физичкиот облик. Очигледно реинкарнацијата на Шива во човечка состојба не е случајна, туку е резултат на принципот на причини и последици според законот на Кармата: „Го жнееме она што сме го посеале. Доброто семе дава добри плодови; лошото семе, лош плод. Секоја работа, колку и да е мала, предизвикува ефекти врз нас“.

Теоријата на Роберт Шварц

„Познатиот предавач Роберт Шварц, автор на книгата „Храбри души“, е еден од многуте кои се согласуваат со оваа теорија. Тој кажува дека ние однапред го програмираме своето постоење, вклучувајќи ги и предизвиците, да ја урамнотежиме кармата и подобро да се запознаеме:

,,Програмите кои ги работиме пред да се родиме се опширни и детални, вклучувајќи го и изборот на животните ситуации. Ние ги избираме своите родители (а тие не бираат нас), каде и кога ќе се инкарнираме, училишта во кои ќе учиме, куќи во кои ќе живееме, луѓе кои ќе ги запознаеме и односи кои ќе ги воспоставиме.

Ако некогаш сте имале чувство дека некој веќе сте го познавале а всушност само што сте го запознале, можеби всушност таа личност била дел од вашето пренатално програмирање. Кога некое место, име или слика ви се чинат необично познати кога прв пат ќе ги видите или чуете, често е нејасно сеќавањето на она за кое се разговарало пред инкарнацијата. Во многуте сесии на програмирање го користиме името и примаме физички изглед кој ќе го користиме по раѓањето. Тие пракси ни помагаат да се препознаеме на физичко ниво. Чувството “deja vu” често со право се однесува на нешто што се случило во минатиот живот, но многу пати тоа е сеќавање на пренаталното програмирање.

Кога ќе влеземе во земната димензија сѐ забораваме, и пред инкарнацијата знаеме дека ќе ја претрпиме оваа самоиндуцирана амнезија. Важен е фактот дека личноста е обдарена со слободна воља. Од таму, можно е да се спротивставиме или да ги прифатиме животните искушенија. Земјата е фаза во која личноста прифаќа или отстапува од сценариото кое е напишано пред раѓањето. Избираме како да реагираме со лутина и горчина или со љубов и сочувство. Кога ќе препознаеме дека сме ги планирале тестовите на својот живот, изборот станува јасен и многу полесен“.

Имајќи го тоа во предвид, родителите не се ништо повеќе од делот на програмот избран пред доаѓање на свет. Обрасците кои ги наследуваме од нив се вид на обуки чија крајна цел е да не научат да го живееме својот пат. Заради тоа децата и родителите би требало да си помагаат едни на други за да ги надминат предизвиците, блокирањата и пречките кои на некој начин ги врзуваат.

Фактот дека имаме погубни или непријатни семејни ситуации, е само привидно негативен бидејќи е во суштина само теретана за душата. Со помош на поуките од тие искуства можеме да се ослободиме од образецот на кој сме  заробеници, при тоа откривајќи ги своите автентични таленти, слабости  и вештини. Заради тоа често во тешкотиите ја пронаоѓаме силата за промена.

Со спојување на различни делови откриваме кои сме, нашата вистинска природа. Но за да успееме во тоа, клучно е да се разбере дека сме директори а не само жртви на околната реалност. Ако сме ги избрале своите родители наместо други, тоа не е случајно, ние тоа сме го сториле, бидејќи само со нив сме можеле да научиме одредени работи и меѓусебно да ги размениме учењата.

Кога наместо тоа размислуваме како жртви, со прст покажуваме дека ги обвинуваме за сѐ што не сме успеале да постигнеме. Секако, тоа не е лесно да се разбере, особено ако постојат сложени ситуации, но само со превземање на својот дел од одговорноста можеме да ги промениме работите. Бидејќи, само ако себеси се сметаме за директор на својот живот, тогаш можеме да ја повратиме изгубената сила, онаа која ни овозможува промена на подобро.

Иако оваа логика се однесува на сите меѓучовечки односи, односот со родителите е посебно длабок и испреплетен со љубов. Затоа првиот чекор што треба да се преземе за да ја повратиме силата е да им простиме, да ги прифатиме онакви какви се и да сфатиме дека не се овде случајно.

Внатрешното дете, кое поминува низ овој процес на свесност, веќе не е луто, веќе не се чувствува исклучено, туку вредно за внимание и љубов. Тоа е творец, тоа е нашата пробудена сила.

Вреди да се размисли за тоа!

Превод на текстот: https://www.eticamente.net/49483/sono-i-bambini-a-scegliere-i-propri-genitori.html

Превод и обработка: Розета Паскали