Како да престанете да се измачувате себеси со минатото: МНОГУ ЕДНОСТАВНО И МУДРО РЕШЕНИЕ!

Сеќавањата на минатото и стравот од иднината во голема мера можат да ни го загорчат животот. Опсесивното мислење на тоа не спречува да се концентрираме на секојдневните задачи и ни ја зголемува загриженоста, а тоа негативно влијае на квалитетот на нашето живеење.

Меѓутоа, малкумина знаат дека големиот филозоф Артур Шопенхауер во средината на XIX век предложил многу едноставно и мудро решение, кое може да го ублажи неспокојството.

Древните филозофи и современите психолози тврдат дека треба да научиме да живееме во сегашноста, а не да се измачуваме себеси со сеќавања од минатото или стравови за иднината. На пример, кај Сенека:

„Единствено вистинско и реално е само тековното време и само во него нашето постоење се случува. Поради тоа, секогаш треба пријателски кон него да се однесуваме, и во склад со тоа, свесно да уживаме во секоја поднослива минута, без непријатности и болка; не треба да ги замаглуваме таквите моменти со жалење поради неостварените соништа во минатото или со грижи за иднината.“

А како може тоа да се постигне? Со разумот ние тоа не можеме да го сфатиме, но како да го натераме мозокот да работи во правилната насока, а при тоа да не го заматиме единственото реално време за нас – сегашноста? И повторно, најдобро е да им се обратиме на великаните.

Сенека, исто така, велел дека „секој ден е нов живот“. Шопенхауер ја развил оваа идеја: „Секој ден е живот во минијатура: будењето и станувањето наутро тоа е раѓањето, секое утро е младост, а заспивањето – смрт“. Ако се обидете на овој начин да се однесувате кон секој ден, тогаш животот ќе добие нови бои.

Замислете само: секој ден – нов живот! Нов! А навечер се завршува. Тоа е сѐ, веќе него го нема. Тогаш поради што би жалеле за него? Наутро ќе има нов живот кој повторно ќе се заврши навечер. Па зошто однапред да се плашиме? Постои само еден ден – секогаш и кај сите постои само еден ден.

Шопенхауер од денот посебн го издвојува утрото, бидејќи тоа е младоста на животот. Само замислете – секој ден ја живееме младоста од животот, без разлика на годините што ги имаме!

И секој ден „умираме“ заспивајќи, што исто така е добро – бидејќи на тој начин, секој ден имаме шанса повторно да започнеме нов живот – бидејќи утре ќе биде повторно – утро.

„За сите работни активности воопшто, без исклучок, како ментални така и физички, најдобро време е утрото. Утрото е младоста на денот – сѐ е весело, лесно и полно со енергија; тогаш се чувствуваме силни и во потполност владееме со своите способности. Не треба да го скратуваме утрото со доцното станување од кревет, или пак да го трошиме на грижи и празни муабети, туку да ја видиме во него суштината на животот, нешто што е свето“. – Шопенхауер

Извор: http://www.transurfing-real.ru/2017/09/blog-post_289.html

Превод: Розета Паскали

Tagged