Лао Це: ТАО ТЕ КИНГ

Тао Те Кинг е класичен кинески текст во кој е содржана основата на таоизмот и кој претставува едно од најпознатите толкувања на кинеската филозофија.

Се верува дека потекнува од четвртиот век п.н.е., а за негов автор се смета митскиот кинески мудрец Лао Це, кој, според кажувањата, бил историски архивар на династијата Зоу.

Самиот назив „Тао Те Кинг“, заради комплексноста и повеќезначноста на трите кинески знаци од кои се состои, се преведува на различни начини од кои „Книга за Патот и Доблеста“ се смета за најприближен до оригиналното значење.

И останатиот текст претставува „сложувалка“ која секој сака да ја намести“. Таа се состои од околу 5000 кинески знаци поделени во два дела, но сите заедно се систематизирани во осумдесети и една секција. Ваквите секции се смета дека не претставуваат дел од оригиналниот план на Лао Це, туку дека е извршена подоцна од некој од уредувачите на текстот.