Мисли и збогати се – Наполеон Хил

Тој претвори 100 долари во милиони! Само со 100 долари, со огнена желба да успее, како и со принципите содржани во оваа книга, В.Климент Стоун беше во состојба да изгради организација која сега му носи годишен бруто приход од преку 36 милиони долари. Како претседател на Комбинираната осигурителна компанија на Америка и нејзините членки, В.Климент Стоун вели: „Книгата Мисли и збогати се ги мотивира обичните трговци да станат супертрговци“. Како издавач на инспиративното списание „Неограничен успех“, тој пишува: „Читањето на книгата Мисли и збогати се мотивира голем број луѓе да постигнат успех повеќе од секоја друга прочитана книга, од секој друг автор“. Како автор на книгата „Успех со помош на позитивниот ментален став“ тој изјави: „Богатството, здравјето и среќата се ваши… И уште нешто: вие можете да го направите својот свет подобар за живеење применувајќи ги тринаесетте чекори од блескавата книга на Наполеон Хил“.