Може ли времето да се фокусира?

Огледалата на Козирјев претставуваат специјален систем од алуминиумски конкавни огледала. Според хипотезата која ја дал професорот Козирјев, овие огледала можат да фокусираат различни видови зрачења, вклучувајќи го и зрачењето од биолошките објекти.

Според оргиналната хипотеза на професор Козирјев, времето е една од основните форми на енргиите во Космосот, активен фактор. Всушност времето е главна организациона сила на сите процеси во Вселената. Имено, енергијата на времето е „гориво“ за нашето Сонце и другите ѕвезди. Енергијата на времето се распростира низ Вселената моментално и поседува не само правец (знак), туку и густина со која е дирекно поврзан протокот на времето.

„Сите процеси во кои постојат причинско – последични премини, сметал Козирјев,  го емитуваат или го апсорбираат времето. Таму каде што ги нема тие премини, времето не постои. Да речеме дека не постои во „црните дупки“, бидејќи таму ништо не се случува: со гигантско привлекување таа маса пропаѓа самата во себеси, се запира секое движење. Дури и движењето на молекулите и атомите, времето исто така се запира. А ѕвездите наспроти тоа, се котли што вријат… И од тука доаѓа огромното исфрлање на времето. При тоа, времето тече побрзо или побавно во зависност од условите.“

За да ги потврди своите ставови, Козирјев направил оргинални уреди кои овозможуваат буквално да се „измери“ протокот на времето. Со овие уреди научникот убедливо докажал дека густината на времето е поголема таму каде што постојат не-стационарни процеси. При тоа, не е важно што е во прашање, дали е тоа мешање на топла со ладна вода, растворање на шеќер во чаша врела вода или вриењето на огромната маса на ѕвездената материја. Се покажа дека со зголемувањето на ентропијата (хаосот), густината на времето се зголемува. Со други зборови, кога се намалува „редот“, таа ја оддава својата енергија на времето.

Едно од овие откритија е доволно за да се признае Козирјев како исклучителен научник и мислител од светски размери. Меѓутоа, истражувачкиот ум на професорот по астрономија не се запрел овде. На свет се појавила и бунтовната идеја: густината на времето може да се намали со помош на специфични екрани или да се зголеми „фокусирајќи го“ времето со помош на конкавните огледала.

Козирјев не успеа да ги реализира своите идеи, но како што гледаме, тие се покажаа како еден вид на пророштво. „Огледалата на Козирјев“ покажаа дека тој бил на вистинскиот пат и дека конкавните огледала навистина имаат неверојатни својства.

Виталиј Правдивчев


Газета “Тайна жизни” №8 2008 г

Превод: Розета Паскали