МОТИВИРАЈТЕ СЕ СЕБЕСИ ЗА УСПЕХ

Дали некогаш сте се обиделе да се мотивирате себеси за да направите нешто? И тогаш што се случи? Веројатно тоа функционирало за некое кратко време, а потоа постепено сте се откажале од планот.

Дали некогаш сте се запрашале себеси: „Што се случува со мене? Зошто не можам  да ја одржам мотивацијата која ми е потребна за да ги направам работите што ги сакам?“ Не сте вие виновни. Никој не ви кажал дека мотивацијата е вештачки термин. Многу луѓе доаѓаат и ме прашуваат како да бидат помотивирани за да ги постигнат своите цели, кои обично спаѓаат во категориите финансии или кариера. Пред да одговорам на ова, ајде да видиме што всушност е мотивацијата.

Мотивацијата е причина за однесување на одреден начин.

А сега внимавајте: има две работи кои ве спречуваат да се вклучите на каналот за бесконечна мотивација:

  1. Вашите потсвесни верувања кои се контрадикторни во однос на вашите цели
  2. Вие не сте лудо вљубени во целта која ја имате на ум – целта не е во согласност со вашите вредности.

Ајде да го истражиме ова.

ВАШИТЕ ВЕРУВАЊА СЕ СПРОТИВНИ НА ВАШИТЕ ЖЕЛБИ

Ако сакате да направите нешто, а тоа се софпаѓа со вашите потсвесни верувања, тогаш не ви е потребна мотивација. Вие ќе го направите тоа спонтано. Но, ако вашата цел е спротивна на вашите потсвесни верувања, тогаш вашите верувања ќе ја победат вашата мотивациска искра на долги стази.

Ако се сомневате дека ви недостасува мотивација за контролирано однесување, само помислете на милионите луѓе во светот на кои докторот им вели дека ќе умрат ако не престанат да пушат, ако не вежбаат, ако не го сменат начинот на исхрана, итн. Но, и покрај предупредувањата, тие не прават никакви промени во однесувањето.

Логично е да претпоставиме дека сите луѓе сакаат да живеат а не да умрат, но сепак овие лоши навики, колку и да се ризични, не ги поттикнуваат луѓето да го променат својот животен стил.

Па како можете да се натерате себеси да го правите она што ви треба и да сакате тоа да го правите?

Не ја барајте мотивацијата – внатрешна или надворешна.

Бидејќи ако ја барате, ќе почувствувате негативни емоции (стрес, страв, сомнеж) пред да почнете да правите нешто и токму тоа е она што ќе ве спречи да превземете акција (прокрастинација).

Значи вистинското прашање е: Какви се вашите верувања кои прават да се чувствувате непријатно кога сакате да направите некоја промена или кога ќе тргнете кон остварување на некоја цел?

Најчесто тоа се некои токсични начини на размислување, како:

  • Грешките се нешто лошо
  • Ако направам грешка или не успеам во нешто, другите ќе ме отфрлат
  • Ако ги правам работите на совршен начин, тоа ќе ме направи доволно добар/ра
  • Јас ќе се чувствувам доволно значаен/јна ако другите луѓе имаат добро мислење за мене

Исто така и базичните верувања во однос на сликата за себеси, како што се: Јас не сум доволно добар/ра, не сум адекватен/на, не го заслужувам тоа, не вредам толку, итн. Ова се верувањата кои се најчеста причина за прокрастинација. Да, со доволно силна волја и мотивација можете да направите било што на кратки стази. Но, за долгорочните планови морате да ги промените потсвесните верувања.

Коренот на мотивацијата е љубовта

Има нешто многу важно што треба да го разберете во однос на мотивацијата: не можете на сила да направите таа да се случи. Ако постои страст, ќе има и мотивираност. Тоа е слично како  кога ве привлекува вашиот партнер, дечко, девојка, сопруга или сопруг – ако постои привлечност…ако постои љубов, вие ќе чувствувате внатрешна мотивација за одржување на таа врска.

Кога го сакате она што го правите, кога сте потполно усогласени со вашите желби – тогаш вие ќе го чувствувате тој внатрешен оган секојдневно.

Земете ги за пример милионерите – тие можат да се пензионираат во било кое време. Тие имаат пари кои ќе бидат доволни и за генерациите после нив. Но тие СÈ УШТЕ продолжуваат со возбуда и нетрпение, бидејќи тие се апслутно заљубени во она што го прават. Тие имаат смисла на животот, тие имаат високи вредности и немаат намера да запрат.

Значи, ова е тајната. Не можете да ја барате мотивацијата или да го чекате вистинскиот момент. Само бидете сигурни дека вашите активности се во согласност со вашите вистински страсти и вредности. Правете го она што навистина имате желба да го правите. Тоа е најважно.

Активирајте ја мотивацијата која трае

Неопходно е да размислите за двата аспекти што можеби негативно влијаат на вашата мотивација:

  • Ограничувачки верувања во однос на тоа колку вредите, колку имате вештини или способности
  • Пронаоѓање на вашата вистинска страст во животот и целосно посветување на неа

А отоа запрашајте се дали конечно сте подготвени да ги надминете натрупаните стравови кои ви стојат на патот. Замислете си каков би бил вашиот живот ако работевте на остварување на вашите вистински цели без прокрастинација и сомнежи во себеси… Обидете се да ги замислите резултатите кои ќе ги добиете и колку ќе бидете задоволни.

Не барајте изговори, време е да донесете одлука дека ќе ги промените вашите длабоки верувања и едноставно тргнете кон успехот!

Бидете мотивирани сега!