Фјодор Достоевски е еден од најгенијалните писатели кој длабоко проникнува во човековата душа.
Достоевски е ненадминлив во начинот на разоткривањето на човековата душа и тој е претставник на психолошкиот реализам. Креатор е на многу мудри мисли кои оставиле трага, а ова се едни од најцитираните:
- Ако сте се упатиле кон целта и при секоја препрека застанувате да фрлате со камења кон секое куче што лае по вас, никогаш нема да стигнете до целта.
- Никој не се вратил да живее во минатото. Затоа не мислете на минатото, гледајте само во иднината.
- Ако при секоја услуга веднаш помислувате на благодарност, тогаш не сте дарувале, туку сте продале.
- Кога богатството е изгубено, ништо не е загубено, кога здравјето е изгубено, сè е загубено.
- Ако рајот не е во тебе самиот, никогаш нема да влезеш во него.
- Глупак кој станал свесен дека е глупак не е повеќе глупак.
- Оној што никогаш не го менува своето мислење се сака себеси повеќе отколку вистината.
- Пред да им кажеш на луѓето како треба да живеат, покажи го тоа со свој пример.
- Оние што знаат да говорат, говорат кратко.
- Ако си успешен во нешто, тогаш луѓето или ќе те копираат, или ќе ти завидуваат, или ќе те мразат.
- Ништо на светот не е потешко од искреноста и нема ништо полесно од ласкањето.
- Знајте дека нема ништо посилно, поздраво и покорисно за идниот живот, од некаков убав спомен, а особено ако е тој од детството, од родителската куќа… Еден толку прекрасен свет спомен зачуван од детството можеби е токму најдобро воспитание. Ако човек носи во себе многу такви спомени, тогаш тој е спасен за цел живот. А ако макар еден убав спомен остане во нашето срце, некогаш и тоа може да послужи како спас. Не плашете се од животот! Колку е убав животот кога ќе направиш нешто добро и праведно!
- Пред сѐ, немој да се лажеш себеси. Оној што се лаже себеси и ги слуша сопствените лаги, доаѓа до точка кога не може да ја разликува лагата од вистината во себе или околу себе. На тој начин ја губи целата почит кон себеси и кон другите. А кога нема почит нема ни љубов кон себеси и кон другите.
- Човекот секогаш сака да ги набројува своите проблеми, а не да зборува за своите среќни моменти.
- Потребно е нешто повеќе од интелигенција за да се однесуваме интелигентно.