„Насмевката не нѐ чини ништо, а вреди многу“ – 20 одлични совети од психологот Дејл Карнеги

Авторот Дејл Карнеги, психолог и педагог, размислувал и живеел според принципот „во светот нема лоши луѓе“. Постојат само непријатни околности кои лесно може да се изменат.

Доволно е само да се промени својот однос кон нив. Затоа, поради непријатните околности не треба да се расипува животот и расположението на околината.

Тој исто така, разразботил сопствена концепција за бесконфликтен и успешен однос. Има многу приврзаници кон неговата теорија, но има и такви кои се против неа Меѓутоа, никој не останал рамнодушен, а неговите совети е корисно да се послушаат:

1. Секој човек барем 5 минути во денот е будала. Вистинската мудрост се сведува на тоа да не се пречекори тој временски лимит.

2. Ако судбината ти подари лимон, направи лимонада од него.

3. Научете како да се ставите во позицијата на другиот човек и да сфатите што му е потребно на него, а не на вас. Целиот свет ќе биде покрај оној кој ќе успее тоа да го направи.

4. Бидете зафатени. Тоа е најефтиниот лек на светот, и еден од најефективните.

5. Ако сакате да промените некого, почнете од себеси. Тоа е покорисно и безопасно.

6. Замисли ги налошите последици кои може да ги предизвика твојата постапка, однапред помири се со нив и потоа дејствувај!

7. Насмевката не нѐ чини ништо, а многу вреди.

8. Многумина го повикуваат докторот кога им е потребна публика.

9. Луѓето не ги интересираме ниту јас, ниту вие. Наутро, попладне и навечер тие се занимаваат само со себеси.

10. Кога човекот ќе започне војна со самиот себеси, тој веќе вреди нешто.

11. Јасно е дека вашиот сопруг има недостатоци, но кога би бил светец никогаш и не би се оженил за вас.

12. Запамтете дека името на човекот е најслаткиот и најважниот звук на планетата за него, на било кој јазик.

13. Тајната на нашата несреќност е во тоа што имаме премногу време да размислуваме дали сме среќни или не.

14. За мудриот човек, секој ден е нов живот.

15. Не утре. Денот за спасение на човекот е денес.

16. Не се плашете од непријателите кои ве напаѓаат. Плашете се од пријателите кои ви ласкаат.

17. Стравот постои само во вашиот ум, нигде на друго место.

18. Силната желба да научите нешто е веќе 50% успех.

19. Однесувај се како да си среќен и ќе станеш среќен.

20. На овој свет постои само еден начин да се заслужи љубовта – да престанете да ја барате и да почнете да ја давате, не очекувајќи благодарност за возврат.

Tagged