Никола Тесла: „Постои во галаксијата некое јадро од кое ние ја добиваме целата снага“

Денес знаеме дека освен физичкиот свет кој го гледаме, постојат и безброј други паралелни етерични светови. Сепак и понатаму останува прашањето како се материјализираат мислите и како му Тесла успевал во тоа.

Каде е границата на религијата, науката и медицината? Каде се составуваат човечкото тело, психата и духот? Постои ли нешто што не можеме да го видиме, да го измериме или да го слушнеме? Ако не можеме да ги видиме мислите, дали тоа значи дека тие не постојат? Не знаеме што е душата, но знаеме дека ја имаме и дека е бесмртна! Се поставува прашањето: Како може душата, која е нематеријална, може да биде дел од телесната машина и причина за човековите болести, но и обратно, како спиритуалното може да го покрене материјалниот механизам и телото на човекот?

Квантната механика не учи дека информацијата е неуништлива и дека нашата животна сила е дел од бесконечниот квантум кој се шири надвор од нашето тело и кога ќе се наруши рамнотежата на таа сила во човекот, тој се разболува на телесно ниво.

Човекот е трислојно суштество: природно, космичко и духовно. Ако остане во болеста, тогаш таа станува хронична. Ако остане во болеста т.е. ако веднаш не реагира оној кој западнал во живиот песок, тогаш песокот ќе го завлече и ќе го поклопи.

Библијата вели: ако човекот ја препознае својата болест како искушение, истовремено во себе ќе ги увиди и потенцијалите со кои може да ја победи.

Целта на болеста е човекот повторно да дојде до хармонија. Болеста е пат по кој и се враќате на душата на која сте заборавиле!

Сѐ е присутно во нас и ние сме присутни во сѐ! Бесмртната душа е поврзана со „ѕвезденото небо над нашите глави и со моралниот закон во нас“ – така вели филозофијата. Човечкиот кодекс е дел од големиот Закон на космичкиот морал!

„Однесувај се како твојата реакција, преку твојата волја, може да стане универзален закон на природата според кој и сите други би се однесувале“ – вели древната филозофија.

Тесла во голема мера се приближил на овој закон, постапувајќи секогаш со добра намера и желба да помогне на сите.

Денес знаеме дека, освен физичкиот свет, постојат и безброј паралелни етерични светови. Сепак, и понатаму останува прашањето: Како се материјализираат мислите и како Тесла успевал во тоа, а другите не?

На квантно ниво, состојбата на душата зависи од тоа со какви содржини е исполнета. Таа е невидлива, нема почеток ни крај и функционира во друг енергетски спектар. По смртта на телото таа продолжува да живее, вечно проаѓајќи низ други тела и форми.

Духовна поддршка на Тесла бил Гете, кој напишал: „Кога владеам со својата душа, владеам и со својот голем свет!“ 

Немоќ и болест, тоа се манифестации на стравот, тагата, бесот, и чувството на вина кое луѓето го носат во себе. Ако душата страда, страда и телото, и обратно. Телото е храм на душата, а крвта е нејзин преносник во него.

Душите почнуваат од нулто ниво; развивајќи се секоја на свој начин со различни матрици; чиј квалитет зависи од енергиите кои поминуваат низ неа. Матрицата е како микропроцесор кој управува со сѐ во организмот, па и со здравјето.

Добрата енергија ја спиритуализира душата и колку е таа поразвиена, толку појасно ги знае своите потреби. Похрабрите научници дури и соништата ги поврзуваат со светот од кој потекнува душата и во кој таа слободно живее; излегува од телото и патува таму каде што сака. Одредени квантни физичари велат дека душата произлегува од фотоните, и дека секоја душа е уникатен дел од информациското поле на универзумот.

Како што вели Гете:

„Во овој живот ние сме присутни само како души кои треба да го понесат со себе ова искуство.“

Информациите од сите души во универзумот се достапни на сите во секој момент и се вечни!

За да бидеме здрави и среќни, треба да го негуваме чувството на целовитост и единство со себеси и со универзумот.

„Постои во универзумот некое јадро од каде што ние ја добиваме целата наша сила, сета наша инспирација; таа вечно не привлекува нас, јас ја чувствувам нејзината моќ и вечноста која ја емитира во целата галаксија и со тоа таа е во хармонија. Јас не сум успеал да продрам во тајната на тоа јадро, но знам дека постои и кога сакам да му припишам било каков материјален атрибут, тогаш мислам дека е светлост. Но кога ќе се обидам да го достигнам духовно, тогаш тоа е убавина и сомилост.“ – Никола Тесла.

Превод: Розета Паскали

Извор: oazaznanja.com