Нил Доналд Волш: РАЗГОВОРИ СО БОГА (книга втора)

Нил Доналд Волш еден ден седнал со пенкало в рака и со тешки прашања во срцето упатени кон Бога. Додека ги запишувал, сфатил дека Бог му одговара – дирекно, преку неговата рака. Резултатот бил серија духовни, провокативни и длабоки книги кои ги сменија животите на многу читатели низ светот.

Ова е втора во низата книги на разговори со Бога, кои се одвиваат сѐ до ден денешен. Во неа дијалогот се проширува на поглобални теми – геополитичкиот и метафизичкиот живот на планетата, како и предизвиците со кои се соочува светот.

Во оваа книга Волш ја пренесува пораката со која Бог ни нуди пресврт на нашата планета; социјални, сексуални, образовни, политички, стопански и теолошки промени какви што досега немаме видено, а ретко сме ги и замислувале. Можеме ли навистина да изградиме таков свет? Бог вели дека можеме, а сѐ што ни е потребно е нашиот избор навистина да го направиме тоа.

Разговори со Бога – книга прва, беше топла Божја прегратка околу рамената, Книга втора се доживува повеќе како благо предупредувачко протресување на тие рамена. Таа е повик за будење, предизвик да се појде кон следното ниво. Сите нешта почнуваат од тебе. Сакаш светот да се промени? Промени ги нештата во својот свет!

Tagged