Одредени зборови ги оживуваат мртвите клетки!

Човековата мисла може и да создава и да уништува

Научниците успеаја да докажат дека зборот може да ја оживее мртвата клетка!

Во текот на истражувањето научниците биле вчудоневидени колкава огромна моќ поседува зборот. Исто така ги изненади и неверојатниот експеримент за влијанието на мислите врз суровоста и насилството.

Како успеале ова да го откријат?

Да почнеме од почеток. Ушто во одамна, во 1949 година истражувачите Енрико Ферми, Улам и Паста, ги проучувале нелинеарните – осцилаторни системи чии својства зависат од процесите кои се случуваат во нив. Овие системи под одредени услови се однесувале необично.

Истражувањата покажаа дека се зголемува меморијата на системите во услови кога се дејствува врз нив, и овие информации се чуваат во нив долго време.

Типичен пример – молекулата на ДНК ја чува информациската меморија на организмот. Уште тогаш научниците се запрашале како е можно неразумниот молекул кој не поседува ни структура на мозок, ни нервен систем, може да има меморија која според точноста го надминува било кој современ компјутер. Подоцна научниците ги откриле мистериозните солитони.

Солитони

Солитон – тоа е структурален стабилен бран кој се наоѓа во нелинеарните системи. Изненадувањето кај научниците немало крај кога откриле дека овие бранови се однесуваат како разумни битја.

Дури по 40 години научниците успеале да остварат напредок во овие истражувања. Суштината на експериментот била следна – со помош на специјални инструменти научниците успеале да ја следат траекторијата на тие бранови кон ДНК ланците. Приоѓајќи кон ланецот, бранот во потполност ја ќитал информацијата. Тоа може да се спореди со човек кој чита отворена книга, само 100 пати попрецизно. Кај сите експериментатори во текот на истражувањето се појавило едно и исто прашање: Зошто солитоните така се однесуваат и кој им дава таква наредба?

Научниците го продолжиле своите истражувања во математичкиот институт РАН (Руска академска наука). Се обиделе да делуваат на солитоните со човечки збор кој го напишале на носителот на информација. Тоа што го виделе научниците ги надминало сите очекувања – под влијание на зборовите, солитоните оживеале. Истражувачите продолжиле понатаму – ги насочиле тие бранови кон зрна од пченица кои претходно биле озрачени со таква доза на радијација што ДНК ланците им биле искинати, а клетките станале животно неспособни.После дејствувањето, семето од пченица про’ртило. Под микроскоп воочиле дека дошло до опоравување на ДНК која претходно била уништена од зрачењето.

Се докажало дека човековиот збор може да ја оживее мртвата клетка, односно, под влијание на зборовите солитоните се здобивале со животна сила. Овие резултати се потврдени во повеќе наврати од страна на истражувачи од други земји:Британија, Франција, Америка. Научниците развиле посебен програм во кој човековиот збор се трансформира во вибрација која се запишува на брановите од солитоните, а потоа со нив делувале врз ДНК-та на билките. Експериментите се правени и со животни. После делувањето, кај нив доашало до подобрување на крвниот пририсок, пулсот се стабилизирал, се подобриле соматските показатели.

Истражувањата на научниците не запреле овде

Заедно со колегите од истражувачките институции во САД, научниците од Индија спровеле експеримент за дејството на човековата мисла врз состојбата на планетата. Експериментите се изведувани повеќе пати, а во последниот експеримент учествувале од 60 до 100 илјади луѓе.

Ова е навистина голема бројка на луѓе. Главен и неопходен услов за спроведување на експериментот било присуство на луѓе со создавачки и позитивни мисли. За таа цел, луѓето по своја волја се собирале во групи и ги насочувале своите позитивни мисли на одредена точка од планетата. Во тоа време таа точка била главниот град на Ирак – Багдад, каде што се водела крвава војна.

За време на експериментот, војните нагло престанале и во текот на неколку наредни денови немало борба. Исто така, за време на експериментот драматично се намалила стапката на криминал во градот! Процесот на дејство на создавачките мисли го фиксирале научни инструменти кои го регистрирале силниот проток на позитивна енергија.

Научниците се уверени дека овие експерименти ја докажуваат материјалноста на човековите мислии чувства, како и нивната неверојатна способност да му се спротивстават на злото, смртта и насилството. По кој знае кој пат научните умови, благодарение на своите чисти мисли и стремежи, научно ја потврдуваат древната вистина – човековата мисла може и да создава и да уништува.

Изборот го прави самиот човек, бидејќи од насочувањето на неговото внимание  ќе зависи дали човекот ќе создава или негативно ќе делува на опкружувањето и на себеси. Човековиот живот – тоа е постојан избор и може да се научи како да се направи да е правилен и свесен.

Извор: Особые слова оживляют мертвые клетки!
 
Превод: Розета Паскали