Последните зборови на Лујза Хеј: „Не се плашете себеси со лоши мисли“

Лујза Хеј го напушти овој свет во своите деведесетти години… но нејзините мудри совети сѐ уште живеат и не поддржуваат.

  1. Престанете да критикувате. Веднаш да престанете да критикувате. Критиката никогаш никого не променила. Откажете се од критикувањето на себеси. Пофалете се себеси баш такви какви што сте. Кога се критикувате себеси – вашите промени се негативни. Кога ќе се одобрувате себеси, позитивно се менувате.
  2. Престанете да се заплашувате себеси тероризирајќи се себеси со сопствените мисли. Тоа е ужасен начин на живеење. Најдете за себеси слика која ви е пријатна и веднаш преминете од застрашувачки мисли на некои пријатни.
  3. Бидете великодушни, добри и толерантни. Бидете великодушни кон себеси. Бидете добри кон себеси. Бидете толерантни, додека не го усвоите новиот начин на размислување. Однесувајте се кон себеси како кон личност која навистина ја сакате.
  4. Бидете добри кон својот ум. Да се мразите себеси значи да ги мразите сопствените мисли. Не треба тоа да се прави. Подобро е да ги менувате.
  5. Пофалувајте се себеси. Критиката го уништува внатрешниот дух. Пофалбата го јакне. Пофалувајте се себеси колку што можете повеќе. Кажувајте си на себеси како добро се носите со секоја ситуација.
  6. Поддржувајте се себеси. Најдете начини како да се поддржувате себеси. Разговарајте со своите пријатели и дозволете им да ви помогнат. Потполно е природно да побарате помош кога ви е неопходна.
  7. Однесувајте се со љубов кон вашите недостатоци. Сфатете дека самите сте ги создале за да задоволите некои свои потреби. Сега барајте нови позитивни начини за задоволување на своите потреби. Затоа нежно и полека ослободете се од старите негативни стереотипови на однесување и размислување.
  8. Грижете се за своето тело. Научете правилно да се храните. Која храна му е потребна на вашето телоза одржување на оптимална енергија и виталност? Правете физички вежби. Кои вежби ви прават задоволство? Нежно сакајте го и почитувајте го храмот во кој живеете.
  9. Работете со огледало. Почесто гледајте се себеси во очи. Изразете ги чувствата на растечка љубов кон себеси. Гледајќи во огледалото, простете си себеси. Гледајќи во огледалото, разговарајте со родителите и простете им. Барем еднаш дневно кажете си на себеси: „Те сакам. Навистина те сакам.“
  10.  Направете го тоа веднаш. Немојте да чекате работите да се средат, да ослабнете, да најдете нова работа или да започнете нова врска. Почнете веднаш и правете го сето она што зависи од вас.

Извор: https://lifedeeper.ru/post/668-poslednie-slova-luizy-hej-ne-zapugivajte-sebja-durnymi-mysljami/ Превод: Розета Паскали