Празните приказни и жалби буквално ги гасат невроните во хипокампусот

Кога се наоѓаме во друштво на луѓе кои се жалат и зборуваат празни приказни без конструктивен крај и цел, квалитетот на нивните вибрации влијае на нас и има штетен ефект на невроните во нашиот мозок. Жалбите и дрдорењата се резултат на архаичен став, тоа е стратегија за преживување, усвоено од страна на нашата потсвест за да можеме да се ослободиме од менталните и емотивните ненормални состјби, кои за жал одат на штета на оние кои страдаат од пасивни влијаниа.Научно е докажано дека магнетните бранови кои се карактеристични за луѓето кои се жалат и дрдорат, буквално ги гасат невроните ги гасат невроните во хипокампусот, кој меѓу другото е одговорен за решавање на проблемите.

Изложеноста на жалопојки, негативитет и беспотребно дрдорење повеќе од 30 минути, предизвикува голема штета на церебрално ниво без разлика дали доаѓаат од некои луѓе или од мас медиумите, како што е првенствено телевизијата.

Што да се прави кога ќе се соочите со настани од овој тип?

Медиумите може да се изгаснат,  да се исклучат. Со луѓето околу вас можете да се обидете да го смените разговорот во друга насока, или дури да му предложите на дипломатски начин на тој што се жали, три пати длабоко да вдише и да издише на уста. Секако, и ние самите мораме да избегнуваме непотребни дрдорења и жалопојки, свесни за фактот дека освен тоа што ги загрозуваме луѓето околу нас, ние буквално губиме енергија. Ние толку сме навикнале да се жалиме и да слушаме жалби, дури сме и зависни од тоа.

Но, ако слушањето жалби ги уништува нашите неврони, тогаш што се случува кога ние тоа го правиме?

Физиолошки, клетките во нашиот мозок се специјализираат за содржини кои се на многу ниско ниво, а со тек на време ја губат креативноста и способноста за решавање на критични ситуации, за излегување од криза, како и инвентивноста која нормално се развива кај личностите кои наместо да се жалат, ја трансформираат кризата во прилика: мозок во движење, насочен кон создавање, кој ни дозолува да бидеме свесни.

Езотерички, се случува личноста да делува како „автоматски пилот“, создавајќи механизам во кој егото тежнее да го превземе приматот над „битјето“.

Очигледно, оваа перцепција е надвор од системот кој и ние го сочинуваме и сè повеќе се оддалечува од „стварноста“ кристализирајќи ги шемите (менталните програми) кои прават да го сфатиме виртуелниот свет како објективна реалност.

Енергетски, одлично знаеме благодарение на откритијата на квантната физика, дека таму каде што е насочено мислењето, енергијата тече и создава. Колку повеќе се негативни моите мисли, и насочени кон мојата несреќа или криза на работа, повеќе ја хранам со енергија дадената ситуација.

Психолошки, се создава маѓепсан круг поради кој тие негативни мисли ќе станат единствена можна стварност, умножувајќи ги токму оние ситуации кои го потврдуваат овој процес.

Може да се случи да живееме во услови во кои сме изложени на силен притисок и неурамнотеженост, во стресни и негативни места кои делуваат како вистински вирус на сите полиња: психички, емотивно и физички.

Исто така, точно е дека колку повеќе го подигнуваме нашето енергетско ниво, стварноста која не опкружува повеќе реагира на нашиот квалитет на вибрации. Не само што тогаш ги привлекуваме личностите и настаните кои се слични на нас самите, туку и позитивно влијаеме на амбиентот кој не опкружува, какои на личностите со кои сме поврзани.

Од книгата: Lifesurfing – Claudia Galli

Извор: visionealchemica.com

Превод: Розета Паскали