Робин Шарма: Порака до жените

Прекрасна порака на еден од најценетите писатели на книги за самопомош и мотивациски говорник, Робин Шарма.

„Тоа што си денес овде, не е случајност. Постои причина зошто го читаш ова…“

Ти си кралица. Господарка на бескраен потенцијал кој се наоѓа во тебе.

Можеби тешкиот живот те натерал да заборавиш на својата снага.

Тагата поради неостварените соништа можеби ја угушила твојата страст и ги угушила твоите уверувања.

Стрелите на љубоморните критичари можеби те натерале да ја заробиш хероината во себе.

Но те молам, знај: Овој ден е нова прилика. Чудо кое чека да се случи.

Овој момент е прекрасен дар.

Оваа минута претставува празно платно за бескрајни можности и неописиви можности…  

…повторно да завладееш со кралството кое ти припаѓа од самото раѓање. Да освоиш големи нови земји со сочувство, креативност, смелост и човечност.

Тоа што денеска си овде, не е случајност. Постои причина поради која го читаш ова. И длабоко во тебе седи чучната подготвеноста да ги отфрлиш оковите на изминатите искуства, да се издигнеш и да го промениш погледот на остатокот од својот живот.

Стани! Прегрни го своето право на единствена величенственост која светот ја очекува од тебе.

Биди светло! Воочи ја убавината на иднината која можеш да ја оствариш со правилен начин на размислување, правилен говор, однесување и создавање.

Еден мал чекор, а потоа друг, во секоја минута од овој ден кој ти е подарен – ако си упорна и доследна, ќе биде почеток на твојот нов живот.

Заслужуваш да бидеш свесна за својата величина. Да ги знаеш предностите на твоето кралско, најблагородно Битје. И се оттргнуваш од својот сегашен живот одејќи кон животот кој копнее за тоа да го спознаеш, а јас ќе го гледам твојот сјај.

Бидејќи тоа е она што јас го правам.

А целиот свет ќе ја пофали твојата храброст.

Ти испаќам љубов и имам бескрајна доверба во твојот сјај,

Робин

Превод: Розета Паскали

Tagged