Станислав Гроф: Холотропно дишење – мистеријата на раѓањето

За чудесната моќ и мистичното значење на дишењето луѓето знаат веќе многу илјади години. Во зависност од тоа како дишеме, така и мислиме, така и чувствуваме и така и живееме. Дишењето е најдобар исцелител за човекот.

Во сите првобитни култури дишењето било елемент на поврзување меѓу надворешниот свет и човечкото тело, меѓу човековата психа и неговата духовност. Дишењето е важен дел во верските и мистичните обреди.

Меѓу современите методи за лечење на човековата душа и тело по пат на дишење, на прво место се наоѓа Холотропното дишење.

Холотропното дишење го пронашол големиот научник на модерното доба, човекот кој го нарекуваат Гуру на современата психологија. Тоа е американскиот професор Станислав Гроф, кој раководи со институтот во Калифорнија, кој е и почесен доктор на Московскиот државен универзитет.

Станислав Гроф пронајде нов метод кој ја исклучува употребата на било какви психоделици и всушност е многу поефикасен од нив. Се заснова на древната пракса за дишење со методот на потонување во изменета состојба на свеста.

Во животот на секој човек, два најмистериозни настани се раѓањето и смртта. Постојат четири фази или четири матрици кога се раѓа човекот. Човекот ги проаѓа тие етапи и како што проаѓа, тоа особено многу влијае на неговиот живот, но и не само на неговиот живот туку и на неговата смрт. Кога детето се раѓа, тоа е болен процес кој е поврзан со голема доза на стрес. Процесот на раѓање минува низ четири фази. Во првата фаза се стега матката, а грлото на матката сè уште не е отворено. Во текот на долг временски период плодот се заглавува во стегнатата матка од која нема излез. Тој се наоѓа во безнадежна ситуација. При тоа чувствува голем притисок – физички и емоционален. Потоа доаѓа нова фаза. Грлото на матката се отвара и почнува борбата за раѓање. Всушност, борбата за опстанок. Во следната фаза детето доаѓа на свет и се сече папочната врвца.

Станислав Гроф: „До неoдамна во нашата средина постоеше мит дека детето не приметува, дека во процесот на раѓање со него се случува нешто чудно. Се сметало дека кората на големиот мозок кај новороденчето e премногу незрела за да го сочува сеќавањето за раѓањето.

Овој концепт е во спротивност со податоците кои ги добивме како резултат на истражувањата кои покажуваат дека во мајчината утроба, пред процесот на раѓање, плодот има екстремна осетливост. Затоа почнавме да работиме со изменети состојби на свеста. Во почетокот со психоделици, а потоа со помош на техниката која ја развив заедно со својата сопруга, и која ја нарековме холотропно дишење. Ова не е медикамент, ни фармаколошки метод. Со големо изненадување забележавме дека во човековата потсвест постои многу моќен мемориски запис за раѓањето. Тој се чува во нашата потсвест од моментот на раѓањето и има големо влијание на психолошката и психосоматската состојба на човекот во текот на целиот негов живот.“

Овој вид на дишење овозможува брзо да се прејде на подлабоки нивоа. Во буквална смисла, ние можеме да осетиме дека сме плод и дека сме новороденче. Можеме да откриеме, на пример дека сме се родиле со папочната врвца околу вратот или дека во текот на нашето раѓање биле користени породилни клешти. Тој вид на искуство Гроф го нарекува матрица, која новороденчето ја добива во текот на четирите последователни фази при раѓањето. Овие матрици се своевидни прозори кои нè поврзуваат со специфични аспекти на следните подлабоки царства на потсвесното.

Во човековиот организам, кој дише така како што навикнал и онака како што мисли дека треба, како резултат на различни физички или психички трауми, се образуваат енергетски блокови. Кога воздухот влегува во овие блокирани делови на нашето тело, преку крвотокот се внесува кислород во состојба на потполна опуштеност, во состојба на потполна слобода, и сето ова овозможува да се искусат и да се компензираат тие трауми – физички или психички, кои сте ги доживеале некогаш во изминатиот живот, а можеби и многу многу порано.

Кога почнуваме интензивно да дишеме во тој мрак, во таа темница, се појавува оган. Во таа темница благодарение на поинтензивното дишење се појавува енергија која ни е потребна за да се пробудиме. Кога би постоела енергија во нашето опкружување, тогаш не би имало проблеми. Кога би имало енергија во опкружувањето тогаш не би имало болни луѓе. За будење потребна ни е слободна енергија. Таа енергија вообичаено во секојдневието ја немаме бидејќи одамна сме ја потрошиле со лошите навики, нашите ограничувања и нашите емоционални реакции.

Секој човек има внатрешна снага. Ние ја нарекуваме внатрешен исцелител. Таа има многу имиња: душа, НадЈас, и слично. Никој не знае што е тоа, но тоа е сила која исцелува. Не е случајно тоа што луѓето кои го практикуваат холотропното дишење ги нарекуваат холонаути. Да, тоа е слично како астронаути или акванаути. Тоа е нуркање, нуркање во самиот себеси.

При процесот на раѓање (доаѓањето на свет), дали постои поврзаност на случувањата во третата фаза на матрицата со тоа каков човек ќе се создаде. Дали ќе биде некој иден Хитлер, Сталин или некој манијак кој силува мали деца?

Станислав Гроф: „Покажавме дека  постои длабока поврзаност помеѓу она што го нарекуваме трета пренатална матрица (тоа е ситуацијата на борба и пробивањето низ породилниот канал) со психологијата на револуцијата, психологијата на војната и генецидот. Третата матрица е гигантско складиште на насилни импулси.“

Значи, излезот на човештвото е во тоа да се олесни процесот на породување. Да се сакаат децата, да се грижиме за нив, да бидат опкружени со топлина и љубов, да се ублажи траумата од раѓањето. Ова е начин како да се спаси светот од револуции, војни, аграсија и насилство.

Станислав Гроф: „Но решението на тој проблем не е царски рез, кој едноставно создава нови проблеми. Не мислев на тоа туку на породување во вода или на други методи за олеснување. Мислам дека решението треба да се бара во природното породување, со добра подготовка за раѓањето на детето и присуство на таткото при раѓањето.“

Фрагменти од филмот „Холотропно дишење – мистерија на раѓањето“

Превод: Розета Паскали