Фројд: времето поминато со мачка и принципот на „pet therapy“

Малкумина знаат дека Зигмунд Фројд, таткото на модерната психоанализа, идентификувал кај мачките терапевтски капацитет кој денес е основа на терапијата со домашни миленици „Pet therapy“. Во основа, дружењето со домашните миленици им помага на луѓето да се чувствуваат подобро, како да поминале една психотераписка сесија. Ако имате домашни миленици, веројатно тоа добро го знаете, наклонетоста која можат да ви ја пружат е непроценлива.

Имено, Фројд посебно ги идентификувал мачките како извор на благосостојба и среќа. Јапонското гледиште, исто така, ја поддржуваа оваа идеја: во земјата на изгрејсонцето мачката е почитувано животно, симбол на среќата. Во Азија дури постојат и места каде што мачките слободно шетаат и им се препуштаат на минувачите да ги галат. Причината за ова е едноставна: Јапонците се претставници на интензивната работна етика, па затоа често имаат потешкотии со стресот. Присуството на мачките им помага на луѓето да имаат емоционална врска со други живи суштества и со тоа го намалуваат нивото на стрес.

Зошто мачки?

Мачките се независни суштества на кои веројатно не им требате. Овој факт помага во воспоставувањето на односи со вреднување и љубов без взаемна зависност. Всушност, вие сте фасцинирани од нив, а не тие од вас.

Очигледно е дека не можеме да кажеме дека се себични и потполно самодоволни животни: поточно, можат да бидат такви ако се слободни од самото раѓање. Сепак, мачките се многу вешти животни кои се држат подалеку од нивниот сопственик.

Мачките се прилично територијални животни кои сакаат да го бранат својот простор, своите навики, па дури и храната. И покрај сите овие карактеристики, некој може да сугерира дека сме соочени со ладно животно кое не може да пружи љубов, но мачките се токму спротивното. Сакаат да се мазат и да им ласкате. Очигледно е дека, ако претерувате, мачката ќе си замине покажувајќи извесна рамнодушност, која е повеќе поврзана со нејзината независност отколку  со желбата за љубов.

Уште една карактеристика која ги прави совршени домашни миленици за терапија е нивната природна смиреност. Ако вашето секојдневие е исполнето со високо ниво на стрес, живеењето со мачка може да ви го подобри внатрешниот мир и ритам. Нејзините сетила се акутни и има способност за многу кратко време да прејде од одмор на активни перформанси. Така, покрај мачката ќе се навикнете да обрнувате внимание на она што ве опкружува.

Мачките се спокојни и мудри животни, способни да го збогатат вашиот живот и да ви покажат како радоста може да се пронајде во едноставноста. Како и сите животни, и тие имаат многу развиена интуиција и тоа им овозможува да прејдат од независност  во наклонетост точно во моментот кога ви се потребни.

Чувањето на домашен миленик секако дека е значајна обврска и морате да бидете внимателни да не ја запоставите вашата мачка: таа не го заслужува тоа, а ако го направите тоа, ќе ви ја пружи истата рамнодушност во моментите кога ќе ја барате. Ако пак, успеете да воспоставите искрен однос, тогаш ќе стекнете голема ведрина.

Извор: https://aprilamente.info/freud-e-il-tempo-passato-con-i-gatti-il-principio-della-pet-therapy/

Превод: Розета Паскали

Tagged