Советувалиште за хумана соработка

Центарот за едукација и личен развој „УВИД“ во соработка со Советувалиште за хумана соработка, врши упис на нови членови за едукација од Гешталт психотерапија.

Едукацијата се одвива преку искуствени работилници во група. Едукантите имаат можност да се стекнат со знаење и искуство од областа на Гешталт терапијата. Едукацијата за Гешталт терапевт е наменета за студенти и завршени психолози, психијатри, дефектолози, педагози, социјални работници и слични професии, додека едукацијата за Гешталт советник може да ја посетуваат и лица со други професии.

Едукацијата за Гешталт советник трае 2 години, а за Гешталт терапевт трае 4 години. Часовите се одржуваат еднаш неделно, секој четврток од 16:30ч до 19:30ч. Цената за едукацијата изнесува 3000 денари месечно.

Искуствено – едукативната тренинг програма на Центарот за едукација и личен развој УВИД е во склад со критериумите за Гешталт едукација на Европската асоцијација за гешталт терапија.Тренингот е поделен нa 4 години и едукацијата се спроведува низ континуирана неделна и месечна работа, семинари и работилници од страна на Гешталт тренер Розета Паскалиева и Гешталт тренер и супервизор Благица Р.Ваниќ, како и од надворешните соработници и супервизори.
Едукантите имаат пристап до литературата која им е неопходна како за базичното ниво така и за напредното ниво од Гешталт едукативната тренинг програма. Темите кои се обработуваат се во рамките на подолу наведените тематски подрачја:


1. Теоретски основи и историја на Гешталт теорија
2. Основни принципи на Гешталт теорија
3. Човечки организам и околина
4. Техники на Гешталт терапија
5. Дијагностика во Гешталт терапија
6. Примена на гешталт терапија во различни полиња
7. Одговорности на Гешталт терапевтот во терапискиот однос
8. Принципи и апликација на етика

Сите заинтересирани може да се пријават на 078/ 246 172