Размисли за совршеноството

Што е совршенството?

Дали Бог е совршен?

Ако Бог е совршен, веројатно и неговите творби се совршени. Во спротивно, ако неговите творби се несовршени, самото тоа го прави несовршен.

Но, да претпоставиме дека Бог е совршен. Тоа значи дека ако човекот е творба божја, тогаш и тој е совршен! Или, ако човекот не е совршен тогаш не е творба божја. Ако е така, тогаш кој го создал човекот?

Но, да претпoставиме дека човекот е божја творба и затоа е совршен. Дали тоа значи дека Бог и човекот се исто? Прашањето е логично затоа што не постои градација на совршеноста т.е. едно нешто или е совршено или не е совршено. Сѐ што е различно од совршеното не е совршено.

Според математичката логика, ако А е посовршено од Б следува дека А е различно од Б. Значи Б не е совршено т.е. ќе биде несовршено до моментот на изедначување со А.

Ако човекот е совршена творба, тоа значи дека и човековите дела се совршени?

Или можеби совршеноста на Бог се огледува во тоа дека може да создава и совршени и несовршени творби? Веројатно истото е и со човекот. И тој може да создава совршени и несовршени творби и дела.

Јас мислам дека сѐ што се случува и сѐ што е создадено е совршено на свој начин, ако се погледне од различни агли.

Ова води кон идејата која ја пласира квантната физика дека сѐ што ни се случува не е случајно и е за наше добро. Ако почнеме да гледаме на случувањата на ваков начин, тогаш имаме можност да ја одржиме високата вибрација и да не им дозволиме на стравовите да не совладаат.

Само тогаш имаме можност да дишеме слободно и храбро да се соочиме со сѐ што ни носи иднината.

Автор: Розета Паскали