За кого е наменета Гешталт терапијата?

Според ставот на Светската Здравствена Органзиација, да се биде здрав не значи да не се биде болен или да не се има физички недостаток, туку да се биде во целосна физичка, ментална и социјална благосостојба.

Во еден таков глобален „холистички“ поглед Гешталт терапијата има за цел да ја одржува и развива хармоничната состојба, а не да „лекува“. Лечењето подразбира состојба на „нормалност“ што е во спротивност со ставот на Гешталтот кој го вреднува правото да се биде различен, како и оргиналноста на секоја личност.

Оваа концепција на терапија се поврзува со личниот развој т.е. со развојот на човековиот потенцијал. Ова се разликува од влијанијата кои нормализираат и кои се фокусирани на здравјето и социјалната адаптација.

Гешталт терапијата е насочена кон постигнвуање на психосоматска хармонија кај личноста.

Денес Гешталт терапијата се практикува во различни контексти и за различни цели:

  • Во индивидуална психотерапија (клиент со терапевтё0
  • Во психотерапија на парови (брачни партнери)
  • Во семејна психотерапија (со повеќе членови од семејството)
  • Во групна психотерапија или во развој на личниот потенцијал
  • Во организации (училишта, центри за социјална работа, болници)
  • Во претпријатија/компании во рамките на индустрискиот или комерцијалниот сектор за подобрување на контактот, за унапредување на човечките односи, разрешување на конфликти, стимулирање на креативност, тим билдинг итн.)

Гешталт терапијата всушност може да биде корисна за секоја личност (или група) која сака поголем развој на својот скриен потенцијал, за да стане позадоволна од животот т.е. да живее поквалитетен живот.

Гешталтот развива една обединувачка перспектива на човековото битие интегрирајќи ги сетилата, чувствата, интелектот, социјалните и духовните димензии. Ова му овозможува на клиентот комплетно искуство каде телото може да зборува, а зборовите да се видат и почувствуваат.

Автор: Розета Паскали